Премислување, неочекувани околности, соочување со вистината: За кои 3 хороскопски знаци ова ќе биде најлошото лето?
Ретроградната Венера и ретроградниот Меркур ќе ги комплицираат работите
Во текот на претстојното лето, Уран, Сатурн, Нептун, Плутон, Меркур и Венера ќе се движат во ретроградно движење.
Како што пишува „Vice astro“, додека ги прифаќаме неочекуваните промени кои ја сочинуваат нашата реалност, во текот на летото ќе имаме повеќе време да научиме за себе. Венера, планетата на љубовта, убавината, парите и уметноста, летово ќе биде ретроградна од 22 јули до 3 септември.
Парите ќе исчезнат, поранешните љубови би можеле да се појават од никаде, а емотивниот живот ќе биде во криза. Ретроградниот Меркур летово ќе трае од 23 август до 15 септември, а како што знаеме секогаш ни носи тежок период и можни грешки.
Во продолжение ви претставуваме за кои три знаци летово ќе биде особено тешко и за кои периодов ќе биде предизвик:
Водолија
Водолиите ќе бидат ставени на некој вид на тест додека Плутон се пробива низ 12-тата куќа и предупредува дека не е време за чување тајни. Од 19 јули Сатурн ќе предизвика напнатост, што ќе доведе до недоверба и чувство на несигурност, особено на финансиски план. Иако Водолиите ќе очекуваат профитабилна работа, астролошките аспекти укажуваат на тоа дека нема да заврши добро и дека ќе дојде до пропаст или некој ќе ве изневери. Сепак, не дозволувајте тоа да ве поколеба и постојано кажувајте си дека и ова ќе помине.
Во однос на љубовта, ретроградната Венера ни помага да разбереме што не функционира во вашата врска и дали е време да ја прекинете врската што не ви одговара. Затоа ова лето ќе помине во преиспитување на односот со партнерот.
Девица
Девиците се познати по својот перфекционизам и по тоа што го губат теренот кога работите не одат според планираното, но подобро е да се подготвите предвреме, бидејќи ова лето ќе биде токму тоа - збир на непредвидени околности. Од 10 јули, благодарение на влијанието на Марс, Девиците ќе се преиспитаат и ќе се посветат на исполнување на своите планови. Често ќе се чувствуваат фрустрирано, а физичката активност ќе помогне што побрзо да се ослободат од фрустрацијата и незадоволството.
Од 19 јули ќе биде многу потешко кога Сатурн ќе му се спротивстави на Марс, бидејќи тоа ќе доведе до недостаток на самодоверба кај Девицата и ранливост, како и помала толеранција кон љубоморните и огорчените луѓе.
Важно е да избегнуваат конфликти. А и Девицата летово ќе ја преиспита врската со партнерот, а можно е некоја личност од минатото да ѝ тропне на врата. Најдобро е да не донесувате избрзани одлуки во периодот на ретроградна Венера.
Рак
Ова лето може да биде предизвик за ематичните Ракови. Ретроградната Венера транзитира низ втората куќа на парите и вредностите, што ќе бара од Ракот да се осврне на она што му е важно и што сака. Претстојното лето е време кога Ракот треба да се соочи со своите стравови за интимност и врски, што веруваме дека е многу тешко. Тешко е да си ја признаете вистината, но долгорочно ќе ви се исплати бидејќи ќе изградите врски кои на крајот ќе го исполнат.
Од 23 август, кога ќе започне ретроградноста на Меркур, Раковите можат да го очекуваат неочекуваното, но треба да покажат подготвеност да се прилагодат на другите и да не земаат при срце сè што ќе слушнат од луѓето околу нив.
Извор: glossy.espreso.co.rs