Претпоставувате дека е корона вирус? Еминентен доктор предупредува на овие два симптоми - се појавуваат наутро

Добивај вести на Viber

Експертот за корона вирусот, Тим Спектор предупредува на два симптоми кои се појавуваат по будењето, а кои може да укажуваат на корона

Корона вирусот е сè уште присутен, а експертите се посветени на воспоставување начин како да се открие дали го имате вирусот што е можно поскоро.

- Ако сте уморни наутро, дури и по добар сон, а ве боли грлото, тоа може да бидат знаци дека имате корона вирус - истакнува професорот Тим ​​Спектор.

Професорот, кој ја води здравствената студија ZOE, додаде дека болката во грлото се јавува почесто кај луѓето со Ковид, отколку кај обичната настинка.

- Двојно повеќе случаи на ковид од обична настинка во моментов, тој сооднос никогаш не бил толку висок. Симптомите се главно исти, освен генерално поголем замор и болки во грлото, па затоа е најдобро да се претпостави дека е Ковид! Да се ​​надеваме дека овој бран наскоро ќе заврши - вели професорот.

Професорот Спектор додаде дека ако се разбудите со овие симптоми, треба да се обидете да се тестирате што е можно поскоро.

- Обидете се да се тестирате ако можете. Ако не можете да се тестирате, претпоставете дека го имате вирусот и држете се подалеку од други луѓе додека не се чувствувате подобро. Новата студија покажува дека новите варијанти BA.4 и BA.5 функционираат со избегнување на постојните имунолошки одбрани и неутрализирање на некои од нив - вели професорот.

Експертите открија дека новата подваријанта BA.5 омикрон сега е најдоминантна во Обединетото Кралство.

BA.5 првпат беше откриен во април и стана предмет на загриженост во мај, пренесува thesun.co.uk.


Фото: unsplash

НОВИОТ СОЈ ЌЕ ЈА ВРАТИ КОРОНАТА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ - д-р Тиодоровиќ објаснува зошто нема место за паника, но има за внимание