Претприемачки од Македонија разменија искуство со бизнис жени од Хрватска
Делегација на жени претприемачки од Македонија, реализираа студиска посета во Хрватска, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија. Проектот е спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени.
Проектот WE MAKE кој финансиран преку ИПА програмата, се спроведува во текот на целата 2018 и дел од 2019 година, со времетраење од 16 месеци. Организациите спроведувачи реализираат повеќе активности, во неколку фази. Цел е да се подобрат можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.
Како дел од многуте проектни активности беше посетата на Хрватска за размена на искуства со Хрватската стопанска комора (ХГК), високи претставници на локалната власт, хрватските кластери „Коло“ и „Деша“, Здружението на бизнис жени од Хрватска „Круг“ и локални бизнис центри и жени претприемачки. Со состаноци, во рамки на посетата, опфатени беа градовите - Вуковар, Загреб, Оточац, Сињ, Сплит и Дубровник, со постоечките кластери за женско претприемништво, социјални претпријатија, извозни, зелени, иновативни и други женски бизниси и релевантни институции за поддршка на бизнисот, како и локални, регионални и државни претставници и институции, организирани од страна на ГТФ, а со поддршка од Здружението на бизнис жени.
Веќе е договорена соработка со Здружението на бизнис жени КРУГ од Хрватска.