Превкусен рецепт: Сникерс „cheese-cup”

Добивај вести на Viber

Има денови кога и јас не можам да бидам долго во кујна. Но кај нас дома мора да има десерт. Ќе ви предложам еден чизкејк во чашка кој што го нарекувам „чиз-кап”. Крем сир, домашен путер од кикирики, домашна карамела и секако црно чоколадо. Бидејќи имав путер од кикирики и домашна  карамела многу брзо го подготвив овој десерт.

Потребни состојки:

200гр. Крем сир

150мл. Хопла

50гр. Кокосов шеќер (во прав)

50гр. Путер од кикирики (домашен)

4 г.лажици Мелен кекс (по ваша желба)+ 20гр.путер

100гр. Темно чоколадо + 50мл. Хопла

Домашна карамела (6 г.лажици)

Крем сирот изматете го додека да добиете кремаста смеса. Потоа додадете го шеќерот (претходно измелен на машинка за мелење шеќер) и матете да добиете хомогена смеса. Додадете го путерот од кикирики и матете уште половина минута. На крај додадете ја хоплата (150мл) претходно изматена. Промешајте да добиете хомогена смеса и изладете 30 мин.


Додека кремот се лади измелете ги ќексите и додадетр им 20 гр.путер. Измешајте да добиете хомогена смеса. Ставете во  секоја чашка по 1 голема лажица и оставете ги во фрижидер за да го спремите чоколладниот фил.

Стоплете ја хоплата (50мл) без да ви изврие потоа додадете 60гр.чоколадо и промешајте да се соединат. Кога ќе го направите чоколадниот фил извадете ги чашките и  како втор слој додадете ја карамелата, потоа кремот од сирење,чоколладниот фил и на крај уште еден слој крем од сирење.

Украсете по желба. Изладете 1 час и уживајте 


За Женски Магазин, готви Маја Зивковиќ