Придобивки од доцно мајчинство: Жените во своите 40-ти години раѓаат поинтелигентни деца!

Иако доцното мајчинство е поризично, од друга страна, тоа носи 3 големи придобивки за бебето, тврдат научниците.

Имено, истражувачи од германскиот институт Макс Планк направиле испитување на половина милион жени и мажи од Шведска родени помеѓу 1960 и 1991 година.

Откриле дека жените кои родиле околу четириесетата имале поинтелигентни деца, нивните деца биле подобри на училиште отколку децата на помладите родители. Исто така, тие биле со подобро здравје, а подоцна и повеќе образовани.

Научниците го објаснија своето набљудување на следниов начин: Резултатите од истражувањето се тесно поврзани со индустрискиот, културниот и медицинскиот напредок.

Секоја година има позитивен напредок во овие области. Биолошките ризици од подоцнежната бременост се компензираат со подобри надворешни услови.

„Тие години прават голема разлика“, изјави Мико Мирскла, директор на Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“ во Росток.

Дете родено денес има многу поголеми шанси да се запише на колеџ отколку дете родено пред 20 години. Затоа, треба да се постави прашањето: Колку ќе профитира детето ако се роди подоцна.

„Предностите што ги има подоцнежното раѓање на дете се поголеми од индивидуалните фактори на ризик за возраста на ризик на мајката при раѓање“, тврди Мико Мирскла.

„Постарата возраст на мајката треба да се гледа поинаку“, велат научниците и додаваат: „На идните родители им е јасно кои се ризиците од подоцнежна бременост, а малкумина ги знаат позитивните ефекти“.


Можеби ќе ве интересира:

Совети за бремени жени: Како да се ослободите од утринските мачнини на работа 

8 „Бабини деветини“ за бременост што се покажале како вистина