Пријанка Чопра со 10 години помладиот сопруг на црвениот тепих: Зошто никој нема убав збор за нив?

Најпознатата индиска актерка Пријанка Чопра (38) и нејзиниот сопруг, музичарот Ник Џонас (28), се појавија заедно завчера на церемонијата на доделувањето на наградите БАФТА во Ројал Алберт Хол во Лондон.


Невообичаени бели панталони и блуза со длабоко деколте „наопаку“ многумина прогласија дека се тотално модно промашување, црни чорапи со црни зашилени мокасини на сето тоа - сосема погрешен завршен детаљ.


Од почетокот на нивната врска се коментираше разликата во возраста и како актерката и музичарот не изгледаат како хармоничен пар, но тие ги надминаа сите зли јазици и предрасуди, а во 2018 година ја крунисаа својата љубов со брак.

Слични негативни коментари започнаа да кружат повторно минатата ноќ, кога парот позираше насмеан на црвениот тепих во Лондон.


Многумина коментираа дека Пријанка и Ник не изгледаат како брачна двојка, туку повеќе личат на мајка и син.

Покрај „недоследностите“, предмет на бројни коментари беше комбинацијата на облека што ја носеше Пријанка Чопра.


Извор:stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм официјален прогил Пријанка Чопра