Принцот Вилијам како Џејмс Бонд, Кејт Мидлтон како принцеза: Сите очи вперени кон кралскиот пар, еве зошто (ФОТО)
Моќна кралска двојка, рамо до рамо, на доделувањето на наградите за животна средина Earthshot во Лондон.
Кејт Мидлтон се појави на зелениот тепих рамо до рамо со принцот Вилијам. Војвотката го носеше веќе видениот фустан на Александар Меквин, изработен од тул во лаванда боја. Овој фустан беше направен по мерка за војвотката уште во 2011 година, кога го носеше на наградите БАФТА.
По толку години, фустанот и понатаму одлично ѝ прилега. Добро искористени 5.000 евра!
Меѓутоа, овој пат принцот Вилијам, облечен во зелена кадифна јакна и црни панталони и кошула, привлече најголемо внимание. Овој стил на облекување неодоливо потсетува на изгледот на Даниел Крејг од промоцијата на новиот филм за Џејмс Бонд.
Принцот Вилијам уживаше во комплиментите и вниманието.
Целта на зелениот тепих и оваа забава беше да се сврти вниманието на глобалното затоплување и промените во природата.
Принцот Вилијам рече дека она што го правиме во следните 10 години може да ја одреди судбината на планетата во следните илјада години.
„Иднината зависи од нас да одлучиме и ако се обврземе на тоа ништо не е невозможно. Сакам да им кажам нешто на младите луѓе кои не' гледаат вечерва: Предолго не сме направиле ништо за да ја заштитиме планетата за вашата иднина. Но, Earthshot е со вас. Во следните десет години ќе најдеме решение за поправка на нашата планета! "
извор:stil.kurir.rsфото:profimedia