Припадниците на овој хороскопски знак се пацифисти
Водолија - Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи.
Ултра модерни сте и секогаш облечени по најнова мода. Како воздушен знак вие на секој предизвик одговарате интелектуално, а не физички и емоционално. Својот интелект го покажувате преку искажување на своето мислење или преку дискусии.
Во љубовната врска сте нестабилни, не се приврзувате за партнерот и поради тоа не сте љубоморни. Водолијата е спротивен знак од лавот. Додека лавот се концентрира на личното задоволство, водолијата работи за хуманитарни цели. Поради влијанието на Уран имате силно развиена интуиција, која ви дава поглед кон иднината. Со тоа можете да направите другите да ја гледаат сегашноста на различен начин и сте големи иноватори.
Оригинални сте, обожавате изненадувања и сакате да ги шокирате луѓето околу вас. Токму во моментот кога другите мислат дека ве разоткриле, вие ја менувате играта. Обожавате да кажувате шеги, забавни сте и поради тоа луѓето сакаат да бидат околу вас. Но, никогаш не заборавајте да одделите дел од таа љубов за себе си.