Пристигна новиот член во домот на Марија Шарапова: Некогашната тенисерка се породи, а сега го откри и името на синот

Една од најпопуларните тенисерки на свет донесе момче...

Марија Шарапова, една од некогаш најдобрите тенисерки на светот, пред две недели се породи, а сега се одлучи убавите вести да ги сподели и на социјалните мрежи.

Имено, Марија во април 2022 година објави дека е бремена, а во јули се породи и на свет донесе здраво момче. Сепак, подолго од две недели таа овие вести не сакаше да ги сподели со јавноста.

Марија се породила на 1 јули, додкеа фотографија од синот, објави две недели подоцна. Таа откри дека му го дала името Теодор, што значи дар од Бога. Тенисерката по тој повод на Инстаграм напиша:

„Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголемиот подарок што можеше да го добие нашето семејство“.

View this post on Instagram

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Марија Шарапова е една од најдобрите тенисерки на светот. Некогаш освојуваше титули, а поради нејзината убавина ја следеа многу мажи.

Сепак, првата љубов ја најде во 2018 година, кога ја започна врската со Александар Гилкс од Велика Британија. По две години љубов, двојката одлучи да се вери.

Сега, нивната среќа е надополнета со доаѓањето на Теодор на свет. Младата двојка со нетрпение го очекуваше синот, а сега не им преостанува ништо друго, освен да уживаат во секој момент со него.

фото: Принтскрин / Инстаграм