Признание за успешната работа ќе добијат најуспешните мажи за 2019-та година
По успешниот прв официјален избор на Мажи на годината 2018 година кој се одржа на 28 ноември во Гастро Бар Тренд, организаторите Friday.mk и Momentum Inc. го најавуваат и официјалниот избор за Мажи на годината за 2019 година.
Настанот кој е поддржан од Сојзуот на стопански комори на Македонија (ССК) и Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) беше креиран со една цел да ги награди успешните мажи кај нас, но и да ги мотивира во иднина за успех како на личен план, така и на прфоесионален.
"Чест и задовлство ни е да го најавиме и вториот официјален избор на Мажи на годината во Македонија, кој традиционално ќе се одржи во ноември , во месецот на мажите. Како што напоменавме и минатата година, кога го најавивме овој настан, имаме една цел, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Поради интересот кој го има за овој настан, оваа година започнуваме со подготовки уште веднаш. Во следниот период ќе следат навистина интересни активности со кои ќе придонесеме за поголем придонес во општеството." - изјавија организаторите.
Мажи на годината 2019 година е настан кој остави вистински белег во јавноста, а од организаторите најавуваат неколку промени годинава, кои дополнително ќе бидат објавени во јавноста. Инаку изборот на Мажи на годината 2019 ќе се бира во неколку категории, а секоја категорија повторно ќе има свое жири кое ќе ги дава своите предлози за номинација и ќе се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Повторно ќе се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите на еден транспаретен начин.
Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн машки магазин кај нас FRIDAY.MK и агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC. а истиот беше поддржан и препознаен од голем број на компании и лица.
На првиот избор за Мажи на годината 2018 за "Маж на годината" беше избран д-р Владимир Чадиковски кој ја понесе и наградата "Маж со најголем придонес во општеството". Во категоријата "Менаџер на годината" наградата ја доби Живко Мукаетов, наградата "Млад менаџер" ја доби Душко Чифлиганец , а наградата за "Маж странец во Македонија" наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. За наградата "Маж со најголем придонес во културата" беше избран режисерот Ѓорче Ставерски, а за "Маж со најголем придонес во спортот" наградата отиде кај Кире Лазаров. Во категоријата за "Маж со најдобар стил", наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за "Маж со трајни вредности" беше избран Трифун Костовски.Наградата за "Маж во избор на социјални медиуми" отиде кај Огнен Јанески.
Затоа, македонски џентлмени, засукајте ги ракавите оваа година, направете нешто кое ќе биде поттик за сите, нешто што ќе го препознае вашиот труд, и бидете дел од оваа престижна награда.