ПРОФЕСОР БИЛЈАНА АНГЕЛОВА, ВТОРА ЖЕНА РЕКТОР НА УКИМ: „Убедливата победа носи голема одговорност“

Добивај вести на Viber

На чело на најстариот и најуспешниот Универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“ застанува професорката од Економскиот Институт, Билјана Ангелова, која по вчерашниот избор за ректор извојува убедлива победа пред останатите пет кандидати.

Во одлуката на Униварзитетската изборна комисија се наведува дека според доставените резултати од страна на изборните комисии од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во составот на при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт, со добиени 392 гласа, односно освоила1.958.681 поени.

Разликата помеѓу гласовите на професорите Христина Спасевска и Димитар Ташковски е само 5 гласа - вкупно 187 професори и студенти гласале за професорката Спасевска, додека пак 192 гласа за Ташковски, кои доаѓаат од ФЕИТ. Горан Ајдински од Филозофскиот факултет на денешните избори за ректор освои 181 глас од вкупно 1.419 гласачи, 152 гласови доби професорот Атанас Кочов и 118 за професорот Дуев.

Во разговор за Фактор, проф. Ангелова изрази голема благодарност на сите оние и ја дадоа поддршка и довербата, но сега, како што вели, доаѓа големиот предизвик да се спроведат низа активности кои ги вети во нејзината програма.

-Она што сакам да го истакнам е дека ќе бидам отворена за соработка со сите членови на академската заедница на УКИМ, со сите поддржувачи но и со оние кои во овој момент ја дадоа довербата на останатите кандидати, бидејќи само сплотени можеме да направиме повеќе. Како што кажав и многу пати досега, уверена сум во капацитетите на УКИМ, силата на УКИМ е во луѓето и сите заедно ќе се стремиме кон заедничките цели, да го дигнеме угледот на Универзитетот и да го позиционираме таму каде што припаѓа – во европското семејство на универзитети. Се радувам на убедливата победа, но таа победа носи голема одговорност, бара огромна посветеност, многу работа и многу откажувања. Имав можност во мојот седумгодишен период како проректор за финансии да го согледам функционирањето на Универзитетот од сите аспекти и во сите пори. Тоа прилично ја олеснува работата на новата функција. На оваа позиција не доаѓам за некакви привилегии, како што многумина ја толкуваат, туку само со искрена желба да се сработи планираното па и повеќе за да се подобриме и да успееме во сите зацртани цели, посочува таа..


Целиот текст прочитајте на Фактор.