Производ без кој Јелена Ѓоковиќ не може да си го замисли денот: Ги топи масните наслаги, го чисти телото од токсини и го зајакнува имунитетот

Добивај вести на Viber

Киноата со години се задолжителен производ во менито на Јелена и Новак Ѓоковиќ...

Новак и Јелена Ѓоковиќ се познати по здравиот начин на живот и посебната исхрана, а своевремено се пишуваше и за тоа дека од својата исхрана го исфрлиле месото, што на најпознатиот тенисер на светот му помогнало да го зачува здравјето и физичката форма, па и во 35-тата година од животот да игра тенис.

Еден од производите кои се неизоставен дел од исхраната во семејството Ѓоковиќ е киноата. Киноата не дебелее и е составен дел од оброкот Јелена Ѓоковиќ и нејзиниот сопруг.

Киноата е семе кое не содржи глутен, а води потекло од Јужна Америка, од регионот Анда. Фантастичен извор на протеини, влакна, витамин Б и железо, а покрај сево ова, ги содржи и сите 8 амино киселини. Народната медицина користи киноа за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас.

фото: unsplash.com

Киноата е одлична замена за месо. Ако постите или сте вегетаријанец, задолжително внесете киноа во својата исхрана. Киноата изобилува со влакна кои се неопходни за правилна работа на цревата.

фото: Принтскрин / Инстаграм