Проверен начин да бидете во центарот на вниманието: Комбинации на наши инфлуенсерки во црно во кои нема да изгледате досадно
Во светот на модата важи правилото: модата е минлива, но стилот е вечен.
И навистина, речиси секоја сезона дизајнерите ни презентираат нови трендови; до недоглед собираме пари за да купиме нешто од тоа, а потоа, веќе следниот месец, нашиот омилен фустан за кој толку плативме повеќе не е во мода. И така постојано, повторно и повторно.
Сепак, фала богу, има работи кои никогаш не излегуваат од мода! А што е уште подобро, комбинирајќи ги едни со други, создаваме модни комбинации кои се вечни.
Затоа, доколку имате барем едно од овие парчиња во вашиот плакар, знајте дека сте „обезбедени“ доживотно!
А кои бои ако не црната и белата?
Црната облека е сигурен начин да изгледате елегантно и отмено, а овој трик секогаш пали со значајна помош на контраст со бела боја.
Во овој случај најдобро ова го презентира модната блогерка Анастасија Димеска.
И двете бои модно усогласени, искомбинирани со шешир се комбинација која може да ја ископирате во секој миг, а да изгледате и елегантно и отмено.
Друга модна блогерка која на перфектен начин во летните денови ја испромовира црната боја е токму Ксенија Деспотовска. Секогаш урбана и шик, и овој пат е наша инспирација.
Во чекор со модата, секогаш е и најпознатата модна инфлуенсерка моментално кај нас Александра Шијакоска.
Неодамна таа се појави во прекрасна црна елегантна комбинација со која измами илјадници лајкови на социјалните мрежи. А, и има зошто.
Мини фустанот со огромниот црн детаљ на едното рамо со изглед на наметка која паѓа е полн погодок и идеја со која никогаш нема да изгледате здодевно.
И.С.