ПРОВЕРЕТЕ: Ако ги имате овие проблеми, вие сте натпросечно интелигентна
Ако некој е натпросечно интелегентен, тоа не значи дека неговиот живот е безгрижен, полесен, подобар, посреќен или повеќе исполнет ...
За жал - секојдневните проблеми со луѓето околу нас се неизбежни. Ако сте многу интелигентни, тогаш овие ситуации сигурно ќе ви бидат познати ...
Зборувањето без причина сигурно ви е многу тешко
Дали сте страшно уморни од постојано зборување Тогаш имаме добри вести за вас: тоа значи дека сте поинтелигентни од луѓето во вашата околина. Имено, вашиот мозок се стреми кон сериозни нешта, а не разговор за тоа дали утре ќе одите на кафе или не. Сакате да зборувате за уметност, наука, најновите трендови или некои од вашите идеи.
Премногу размислувате
За некој проблем не гледате само едно решение. За некој проект, немате само една идеја. Затоа сосема е нормално што понекогаш ви треба повеќе време од другите за да донесете одлука. Додека не сте 100 проценти сигурни дека ја имате вистинската идеја, претпочитате да молчите отколку да зборувате нешто неповрзано. З
Брзо ви станува досадно
Еднолична работа е здодевна работа за вас. Сепак, обидете се да пронајдете рамнотежа и да ги намалите очекувањата или да најдете работа која нема да ви пречи - инаку ќе имате проблеми со извршувањето на секојдневните задачи.
Тешко се заљубувате
Вие сте повнимателни од другите, размислувате за сè и сте многу независни. Затоа е многу тешко да се заљубите. Оној кој ќе ве освои мора да биде над просекот.
Ве сметаат за недруштвена личност
Сите горенаведени работи имаат една маана: како личност на другите им изгледате незаинтересирани и отсутни. Тешко е да се разговара со странци за секојдневните теми. Затоа имате проблем во општеството. Често морате да ги убедите другите дека сте „сосема нормални".