Прв пат се погледаа во очи: Успешно раздвоени сијамски близначки

Сијамските близначки од Израел, родени со грб една до друга и со споени глави, беа одделени со операција и за првпат се погледнаа во очи.

Операцијата извршена во медицинскиот центар „Сорока“ траеше 12 часа. Подготовките траеја неколку месеци, а во нив учествуваа експерти од целиот свет, пренесува „Ерусалим пост“.

- Ова беше многу сложена операција која беше изведена само 20 пати во светот, и за прв пат во Израел - изјави главниот детски неврохирург, Мики Гидеон


מדהים! pic.twitter.com/zSpnbhNlpE


Од болницата наведоа дека е потребно да се информира за реконструкција на черепот, но и трансплантација на скалпот за двете близначки.

- Опоравувањето оди добро. Јадат и дишат сами - изјави Елдад Силберштајн, раководител на одделот за пластична хирургија во „Сорока“.

Опремата неопходна за оваа операција беше специјално донесена во болницата, а вклучуваше и 3D моделирање, виртуелна реалност, како и специјални уреди со кои лекарите ја следеа состојбата на едногодишните девојчиња за време на операцијата.