Првата дама на Македонија не се покори: Во црвена екстраваганција за посетата на Грција
Досега, ниту еден претседател на нашата земја не ја посетил Атина, ниту пак некој грчки претседател бил во Скопје. Ова е прва средба на највисоко ниво меѓу двете држави.
Имено, претседателот Стево Пендаровски е во официјана историска посета на Хеленската Република, а беше пречекан од претседателката Катерина Сакеларопулу со највисоки државни почести.
Со него е и неговата сопруга, првата дама Елизабета Ѓоргиевска која се појави во издание кое слободно може да парира на она што го носат кралиците и принцезите за нивните протоколарни посети и настапи.
Во црвена боја, во фустан кој има дворедно закопчување и ја следи линијата на телото, надополнет со тенок ремен, во комбинација со високи потпетици, таа изгледаше навистина достојна за ваква церемонија... И не само тоа! Знае како да ја носи облеката и да се носи со титулата Прва дама.
Инаку, за ваквите посети често се избегнува црвената боја поради интензитетот, но Елизабета тоа го направи со стил и секако, црвената е една од боите што ја симболизира Македонија.
Полн погодок!
Р.Ж.М.
Фото: Претседател.мк