Првата дама нема проблем да се појави во ист фустан повеќе пати: Елизабета Ѓоргиевска на „Европска жена на годината“, повторно приреди гламур во омилената боја
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на доделувањето на наградата „Европска жена на годината“ што ја доделува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Ми беше чест, но и поттик и мотивација да присуствувам на доделувањето на наградата „Европска жена на годината“.
Номинирани беа пет исклучително силни и посветени жени кои со својата професионална патека покажуваат дека токму жената е таа која ги поместува кон извонредност професионалните граници и влијае врз развојниот и еманципирачки општествен капитал.
Честитки до добитничката на наградата, уметницата Илина Арсова!“, напиша на социјалната мрежа Инстаграм, првата дама и сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
За овој настан, првата дама носеше фустан кој докажа дека прекрасно ѝ стои . Првиот пат оваа комбинација ја истакна кога го придружуваше претседателот Пендаровски на дочекот на полскиот претседател и неговата сопруга.
Тогаш моделот на фустан кој го носи, многумина веќе го споредија со фустаните што ги носеше поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, особено за оној модел кој Меланија Трамп го носеше на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, а потоа сличен таков модел носеше и поранешната претседателка на Хрватска Колинда.
Бојата на фустанот исто така крие симболика која се поврзува со моќта и самодовербата на жената, а дефинитивно на првата дама ѝ е омилена боја со оглед на парчињата кои ги одбира во истата.
Фото: Инстаграм официјален профил Елизабета Ѓоргиевска/Официјлна страна претседател Стево Пендаровски.