Првиот македонски Swatch Дениција го преврте светот - Новите сопственици од Дубаи до Австрија и Ирска, па се до САД и Канада
„Дениција“ првиот македонски Swatch заврши во рацете на колекционерите и вљубениците во македонската уметност и со тоа симболично се означи почетокот на фондацијата „Божиновски“ чија цел е да се поддржат младите креативци во Македонија.
„Позитивно сме изненадени од големиот интерес за часовникот, но и на учеството од нашите лојални клиенти кои на овој начин дадоа поддршка на целиот проект. Покрај во Македонија, голем дел од часовниците завршија во рацете на своите идни сопственици во Дубаи, Ирска, Грција, Австрија, Финска, САД и Канада, кои се наддаваа телефонски. Бројката од триесет часовници беше симболична, но значењето на овој проект е со безвременска димензија и има за цел да ја поттикне креативноста во земјава, за заеднички да покажеме дека имаме со што да се пофалиме на светот, а Swatch како глобално познат бренд е одлично платно за постигнување на целта“, изјавија од Божиновски часовници и накит.
Дубаи, Ирска, Грција, Австрија, Финска, САД и Канада се земјите покрај Македонија каде ќе отпатува „Дениција“ кај своите идни сопственици.Часовникот „Дениција“, потпишан од Зоран Кардула е првиот Swatch од планираната едиција „Свочна Кирилица“, платформа која симболично ја одбележува триесетгодишнината од независноста на Македонија. Во периодот кој следи во јавноста ќе бидат претставени и следните часовници, со дизајни кои ќе бидат избрани на конкурс, а на истиот ќе можат да учествуваат сите заинтересирани уметници, дизајнери и илустратори.
„Нашата цел е платформата да функционира како заокружен еко систем. Започнувајќи од мотивирање на креативците да учествуваат на конкурсот и да креираме часовник со нивниот дизајн, па преку продажбата и собраните средства со помош на фондацијата повторно да завршуваат во рацете на младите креативци со цел да ги поттикнеме да творат и да веруваат дека за добрите идеи само небото може да биде граница“, објаснуваат од Божиновски.
Целиот проект преку фондацијата има за цел времето и воздухот во нашата земја да го исполни со креативност и со чувството на возвишеност која креативноста го буди. Од „Божиновски часовници и накит“ веруваат дека и следните часовници од едицијата што ќе ги издадат, ќе ги предизвикаат истите воздишки и возбуда како што тоа го направи „Дениција“ – првиот македонски Swatch.
* ПР - објава