Првиот сопруг ја изневеруваше, вториот ѝ зеде милиони, а една трагедија промени сè: Тажната судбина на фаталната Џејн Фонда

Убавината и донесе само неволја

Џејн Фонда се прослави во шеесетите години на минатиот век...

Освен што е актерка, со нејзиното име се поврзуваат и низа други титули. Таа е поранешен модел, фитнес гуру, како и политички активист и писател. Таа е двократна добитничка на Оскар. Првата златна статуа ја доби во 1972 година за улогата во филмот „Клуте“, а втората исто така во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Coming home“.

Актерска патека

Интересно е што на почетокот, како што рече, почнала да глуми бидејќи не знаела која и што сака да биде. На почетокот ги прифатила сите улоги кои и биле понудени, а набрзо почнала да снима и свои филмови. Меѓу првите во кои постигна забележителни улоги се „Период на прилагодување“, „Прошетка на дивата страна“, „Недела во Њујорк“ и „Барбарела“.

Во почетокот на деведесеттите реши да направи пауза од актерството, на што се врати со улога во филмот „Мonster in low“ во кој глумеше со Џенифер Лопез. Зад неа денес се повеќе од 50 филмови, книги и фитнес видеа со кои остави белег во светот на шоу-бизнисот. 

Таа е основач на денс аеробик

Џејн изгледа беспрекорно каде и да се појави, а честа тема е нејзиниот младешки изглед со оглед на нејзината возраст. Иако признала дека направила одредена естетска корекција, голема улога во се играат и годините активно вежбање. Имено, уште пред да биде популарен фитнесот, Џејн отвори студио во Лос Анџелес посветено на комбинација од аеробик, гимнастика и танц. Таа сама управуваше со сè.

„Рано заклучив дека овој тип на вежбање има огромно влијание врз моралот. Редоследот на аеробик, гимнастика и танц. А кога имав многу работа, секогаш се потпирав на вежбање бидејќи подоцна имав повеќе енергија , а депресијата заминуваше“.

Љубовниот живот на холивудската дива

Осумгодишната врска меѓу Џејн Фонда и продуцентот Ричард Пери заврши пред две години, но легендарната дива не очајува.

„Џејн навистина се надева дека ќе најде некој со кој ќе го дели остатокот од животот, но таа е свесна за тоа и дека постои голема можност да остане сама“, изјави еднаш пријател на актерката.

Оскаровката беше во брак со францускиот филмски режисер Роже Вадим од 1965 до 1973 година, а потоа и со Том Хејден од 1973 до 1990 година. Но, дури откако го напуштила третиот сопруг Тед Тарнер по десет години заедно, се помирила со соло живот.

„За прв пат ми беше сосема добро да бидам сама“, рече таа тогаш.

Иако беше неверојатно убава и немаше маж кој не беше барем малку заљубен во неа, таа направи погрешен избор.

Во Франција го запознала и се заљубила во Роже Вадим, режисер кој сакал да се фали дека ја создал филмската дива Брижит Бардо. Со неа се ожени во педесетите, а се разведоа кога сфати дека таа не е само празноглава плавуша затоа што според него жената треба да биде убава и да не размислува премногу, а камоли да има свои ставови. Се шушкаше и дека режисерот ја изневерувал секогаш кога имал прилика да го стори тоа.

Во 1968 година ја роди ќерката Ванеса, но ниту детето не можело да го спаси бракот. 

Вториот пат таа судбоносно му кажа ДА на политичарот Том. Тие се венчаа во 1973 година и во октомври истата година го добија синот Троја.

Неколку години подоцна, Џејн Фонда и Том Хејден ја посвоија тинејџерката Мери Луана Вилијамс, ќерка на членовите на црнечката милитантна организација Црни Пантери, од напуштен дом за деца.

Се чинеше дека Џејн има идиличен живот: за разлика од Вадим, Том Хејден ја поддржуваше и во кариерата и во нејзиниот политички ангажман.

Таа, исто така, ги поддржуваше неговите амбиции да го достигне врвот на Демократската партија, го следеше на политичките митинзи и инвестираше милиони долари во неговата кампања. И додека таа му помагаше, на Хејден му беше сè потешко да поднесе да се зборува за него како сопруг на позната и богата актерка. Поради него возела старо Волво, а не автомобил што можела да си го дозволи како филмска ѕвезда. Наместо часовник „Картие“, таа носеше евтин „Тајмкс“. Не ѝ било тешко да промени нешто во животот бидејќи верувала во него и неговите идеи - се додека во 1988 година случајно не открила дека долго време има љубовница.

„За прв пат во животот помислив на самоубиство“, откри таа.

Бидејќи тие не го потпишаа предбрачниот договор, Џејн Фонда финансиски се снајде лошо во разводот. Хејден пред венчавката имал едвај педесет илјади долари на сметката, а од бракот излегол, според еден извор, со сума од десет милиони долари, а според друг добил дури триесет милиони. Тогаш нејзиниот имот беше проценет на речиси шеесет милиони долари - не само од глумата, туку и од производството на филмови и видеокасети со аеробик, со кои таа го зарази целиот свет и ги продаде во речиси дваесет милиони примероци. 

Иако по две брачни разочарувања мислеше дека никогаш повеќе нема да се омажи, животот уште еднаш ја изненади. Едвај една година по разводот, таа го запознала ексцентричниот милијардер Тед Тарнер, сопственик на ТВ мрежата CNN.

Иако не сакала да влезе во нова врска, ја прифатила поканата на Тарнер за вечера и продолжила да се дружи со него. По само неколку месеци, колку и да не сакала да си признае, сфатила дека не може да одолее на неговиот шарм.

Знаеше дека е женкар и дека има огромно его, но рече „ДА“ кога тој ја запроси. Се венчале во 1991 година на нејзиниот 54-ти роденден, а само еден месец подоцна додека се возеле во автомобилот дознала дека тој ја изневерува.

Таа збеснала, го претепала со мобилен телефон и го полила со шише пијалок - но сепак му простила кога тој и ветил дека никогаш повеќе нема да се повтори. Во следните години, Фонда и Тарнер станаа една од најпознатите и највлијателните брачни парови во светот. Се дружеа со политички лидери и уметници, патуваа и се забавуваа... Но, Џејн се повеќе се чувствуваше како да живее во златен кафез.

- Тед верува дека неговата сопруга мора да му биде достапна 24 часа на ден и дека тоа е вистинска љубов. Ми се чини дека сака дадилка, а не жена – објасни зошто се разведува по десет години брак. 

Тешки периоди од животот

Еден од најтешките моменти во нејзиниот живот бил кога го изгубила својот татко. Во моментот на неговата смрт таа стави крај на вториот брак, а потоа сакаше да се откаже од актерството бидејќи повеќе не гледаше поента во тоа.

„Смртта на татко ми за мене е трагедија која целосно ме скрши. Во тој момент почувствував дека се околу мене се руши. Веќе немаше човек кој може да ме заштити од сите неволји", рекла таа.

Џејн била шокирана кога во интервју за магазинот „Нет-а-портер“ открила дека била силувана и сексуално злоставувана како девојче, а признала и дека во текот на нејзината актерска кариера доживеала различни форми на сексуална злоупотреба. 

„Би добила отказ затоа што не сакав да спијам со своите шефови. И секогаш мислев дека е моја вина, дека не ја направив вистинската работа или дека кажав нешто што не смеев“, се присети актерката.


Фото: Профимедиа