Првите два месеци само готова храна: Диетата на Дани Димитровска
Со протеински режим на исхрана и со физичка активност, Дани Димитровска минатата година успеа значително да ја намали тежината. Познатата пејачка тогаш ни изјави дека не е важно колку килограми ослабела, туку дека новиот начин на исхрана одговара на нејзиниот стил на живот.
Првите два месеци, таа внесувала само готова храна и протеински напитоци, а третиот месец, почнала да внесува природни протеини во форма на месо и белки од јајца.
- Се работи за дехидриран, млечен протеин. Во принцип, целата моја исхрана се состоеше од протеини, пет пати во денот во помали колични на готова храна и напитоци, во првите два месеци. Потоа почнав да јадам месо, белки од јајца, а сега, мојата тежина ја одржувам со истата храна но и со многу, многу зеленчук. Јадам исклучиво зелен зеленчук, а веќе и овошје - раскажа Дани за „Женски Магазин“.