Прво издание на “Skopje Unplugged” – ново музичко освежување во главниот град

Добивај вести на Viber

Ноисетс (The Noisettes), Нокаут, Ај Кју, Тони Зен и Фулиш Грин се дел од програмата на првото издание на акустичниот фестивал Скопје Анплагд (Skopje Unplugged). 

Уникатниот акустичен фестивал има за цел да ја збогати културно уметничката програма на градот и да го разбуди духот на сладокусците на убавата музика отсвирена во интимна атмосфера.

Лондонскиот бенд Ноисетс, кои прв пат доаѓаат во Скопје во акустична формација, заедно со публиката ќе ги испеат нивните светски хитови како што се Never Forget You, Don’t upset the rhythm и многу други песни, кои им обезбедија врвни места на светските топ листи и настапи на најголемите фестивали како што се Гластонбери и Коачела.

Програмата ќе ја надополнат и дел од најактивните и најактуелните македонски изведувачи: Фулиш Грин и Тони Зен кои пред публиката ќе ги претстават своите нови албуми и најголемите нивни хитови, Ај Кју – кои по Евровизијата и настапите во странство, по подолго време конечно ќе се претстават пред домашната публика и Нокаут – кои на некој начин се пионери во анплагд настапите низ Македонија. 

Билетите за ова единствено искуство можат да се набават и денес, по симболична цена од 300 денари, а бројот на влезниците останува строго ограничен поради интимната природа на настанот. 

Придружете ни се и бидете дел од најголемиот afterwork, sunset, rooftop фестивал,  денеска, со почеток во 17:05h на покривот на Скопје Сити Мол.