„Путер русокоса“, „барби блондинка“, „бисквит бринета“: Најдобрите светски фризери велат дека ова се шесте најмодерни бои за коса летово

Толку трендовски и моќни, а секоја жена со овие нијанси изгледа како милион долари!

Ако размислувате за нова боја на коса и свежата енергија што ја носи оваа промена, ние целосно ве разбираме! Малку жени можат да одолеат на ставот „нова коса, нова јас“, а понекогаш навистина бојадосувањето во некоја друга, поразлична боја е оној мал чекор што ни треба за повторно да се заљубиме во себе.

Но, бојата мора да одговара на вашиот темперамент, личност, стил на мода, па дури и тен.

Секогаш треба да се бојадосувате врз основа на тонот на кожата и текстурата на косата - посочува еден од најдобрите британски фризери, Адам Рид и додава дека оваа лето имаме две главни насоки во боењето на косата.

Едниот тренд вклучува впечатливи, смели бои како праска и играње со „луди“, контрастни прамени, а другиот им дава предност на дискретните техники на новата генерација како што се омбре, балајаж, тонирање... Што и да изберете, нека биде усогласено со вашиот дух, а еве ги 6-те најмодерни бои на сезоната:

1. Путер русокоса од 70-тите години 

Златните, медени тонови ќе бидат многу популарни, како и бојата на путерот. Ако сте веќе русокоса, оваа боја е лесна за одржување, а вашиот жолт подтон ќе омекне и ќе се софистицира со оваа боја што носи ретро допир од 70- години, вели Алекс Браунсел, креативен директор на компанија што произведува бои за коса.

2. Бисквит или кекс бринета

Бисквит бринета подразбира фини, топли тонови на бисквити и карамела. Ова е одлична нијанса за сите жени кои сакаат мала, а сепак ефективна промена, и вклучува поладна кафеава основа и додавање прамени во најмалку две посветли и потопли нијанси. „Тоа е мешавина од платинеста и кафеава боја, но, со акцент на поладни тонови. Бринетите често имаат проблем со премногу топли нијанси на косата. Додавањето неколку ладни тонови ќе ја смири топлината во косата без да им ја одземе длабочината на бојата“, вели Адам Рид.

Предностите на оваа боја се големи; лесна за одржување - доволно е да одите на фризер еднаш во три месеци, ќе биде одлично да го освежите вашиот изглед без многу мака, изгледа елегантно и богато.

3. Заводлива боја на бакар

Црвените тонови беа многу популарни во 2020 година, а тоа ни го покажаа и познати убавици кои ја испробаа оваа боја на коса - Ким Кардашијан, Дуа Липа, Кајли Џенер и Лизо, но оваа сезона приоритетна е топлата и невообичаена боја на бакар. „Бојата на бакарот може да изгледа ладно и дрско, или многу сјајно и скапо, во зависност од тоа каков стил претпочитате “, истакнува фризерот Арон Карло.

4. Барби блонди

Израстокот може да биде „болна“ работа, но можеби вреди да се вложи труд да ја имате оваа сјајна, убава и нежна боја на коса - Барби блонди! Русокосите нијанси се секогаш освежувачки, смели и заводливи, а ова лето ќе биде можеби најголемиот хит, но не заборавајте дека тие бараат многу труд и грижа.

5. Strawberry русокоса  

Многу од жените сакаат богати, необични нијанси и не се опседнати само со земјени тонови. Тие сè повеќе бараат русокоса јагода боја, која на косата ѝ дава прекрасен сјај и живот - нагласува стилистот за коса Герет Вилијамс.

6. Money piece прамени 

Необичното име на оваа техника се должи на фактот дека е толку едноставна и брза и не бара многу боја, така што во теорија за тоа можете да платите сo малку пари. Оваа техника подразбира балансирање и трендот на две контрастни бои на коса.

„Овие прамени се одличен начин да го промените изгледот на вашата коса многу лесно, без драматични трансформации - сè е во врамување на лицето и стилизирање на косата“, истакнува фризерката Наталија Романиук за британскиот „Гламур“. „Многу ласкаво изгледа затоа што го осветлува лицето, ги нагласува карактеристиките на твоето лице и твојата основна боја на коса. Оваа техника функционира на која било боја на коса и навистина одговара на сите, без разлика дали сте русокоса или бринета“, објаснува Наталија.


извор:zena.blic.rs
фото:instagram

Moже да ви интересира:

Квасец: Идеално и едноставно решение против опаѓање на косата и за побрз раст

Контрастна бринета е најновиот тренд: Ова лето сите ќе ја барате оваа нијанса на коса

Грешка што ја правиме сите кога ја бојадисуваме косата во руса: Генијален трик по кој бојата ќе ви стои фантастично