Денес, 14-ти февруари 2018, ќе биде пуштена во употреба првата мобилна апликација за паметен шопинг – Qpick. Официјалното лансирање на апликацијата ќе започне во 12 часот во Cineplexx - Skopje City Mall со “keynote” презентација за водечките бизниси во регионот. Потоа, во соработка со Nola Lounge Bar ќе организираме вечерна забава со MARKO LOGOUT со почеток во 21 часот.
Qpick e дигитална платформа создадена од страна на двајца млади иновативци - Зоран Настески и Дамјан Димитриоски - кои со креирање на оваа апликација ја добија наградата за најдобра бизнис идеја на Охридска банка Сосиете Женерал.
Целта на Qpick е со претходно таргетирање да им овозможи на компаниите брзо и ефикасно да ги дистрибуираат нивните дигитални флаери до потрошувачите. Потрошувачите ќе можат да ги следат сите промоции и специјални попусти од сопствените смартфони, да ги лоцираат своите омилени брендови и продавници и да ги купат производите што ги сакаат уште пред да влезат во продавниците. Сето ова ќе биде овозможено преку GPS технологија којашто ќе ги поврзе бизнисите со потрошувачите и ќе им овозможи да создадат поблиска меѓусебна врска.
„Со Qpick ставаме крај на печатените флаери и отвораме простор за нов начин на рекламирање кој ќе им заштеди пари на компаниите и ќе им овозможи подетални и поточни анализи за нивните маркетинг кампањи.“ - вели Зоран Настески.
Нашата мисија е да го направиме дигиталниот шопинг забавен и лесен за користење за потрошувачите користејќи најнови технологии. Меѓутоа, приказната за Qpick не завршува тука. Овој амбициозен млад тим има многу планови за иднината меѓу кои и креирање шопинг асистенти (вештачка интелигенција), претворање на шопингот во форма на игра и создавање на трговски центри во виртуелна реалност.
Апликацијата може да ја симнете тука.