РАЈ

Добивај вести на Viber

Направивме кафе, го ставивме во термос, ги зедовме сендвичите од фрижидерот што ги направила Весна и тргнавме на плажа, која беше под куќата на Боро. Беше интересно опкружувањето околу куќата помеѓу морето и зелениот појас, што се прелеваше во сино-зелена боја. Целиот агол личеше на сина лагуна, едноставно, беше специфичен, магнетен.

  Кога дојдовме до Весна и Боро, тие се бакнуваа, копнежливо, со страст. во тој момент, си помислив во себе: „Ах, Весна. Се расположи поради станот. Ќе му даде пари на тој идиот и засекогаш ќе се ослободи од неговите диви канџи. Каков товар ѝ падна од грбот“. Зарем може Весна да се заљуби? Се случува и јас имам желба бидејќи ѝ посакувам среќа. Страв ми е да помислам ако дознае Боро со што се занимава ќе биди голема збрка. Таа беше внимателна кога тој беше, тука таа ги откажуваше клиентите“.

  Боро кога нè виде ни рече на шега: „Ние сме во рајот, постоиме само ние двајцата. Плажа, море, зеленило, галеби. Весна се облекла во костим за капење како сирена и со нејзините полуголи гради и задник ме заведува. Се шегувам, двајцата многу патиме и ни е потребно малку љубов. Се надевам дека еден ден сè ќе биде во ред. Создадени сме еден за друг“. Весна нежно и флертувачки му се смееше, но во нејзините очи видов искра загадочност. Не реагирав, само ја погледнав по што таа го тргна погледот од мене. Боро беше, навистина, симпатичен и беше одушевен од нашата љубов со Марко.

  Со Марко влеговме во вода. Секое влегување во вода кај нас создаваше еден неразбирлив флуид, кој се претвораше во жежок секс. Тоа е љубовта. Жарче што тлее и во секој миг почнува да гори. Пливавме некое време и се доближивме еден кон друг. Нашата смеа беше толку гласна што ечевме низ водата. Водата беше мирна, со мали бранови и имав чувство како да пловам по облаци додека се галевме, шегувавме и бакнувавме.

  Марко ми ја спушти раката помеѓу нозете. Потоа, со прстите ме штипкаше. Јас потполно ги раширив нозете. Се заврти и ме прегрна од грбот. Ми ги турна танга-гаќичките и влезе во мене експлозивно. Се исполнивме двајцата. Почнав да се тресам од возбуда. Водата дополнително беше топла. Се доближуваше до мене и пак се оддалечуваше. Кога ќе се доближеше, жестоко се грчев. Сакав длабоко да го осетам, да биде дел од мене. Тој почна да затреперува, а по него и јас. Брзата љубовна игра не трае долго. Излегов од водата. Марко сакаше да остане и поплива.

  Весна и Боро ги немаше. „Да не шетаат?“, ми проструи низ главата. Барајќи ги, во еден момент, ја видов Весна потпрена на една скршено дрво, веднаш до плажата, а околу него – густи грмушки. Зад неа Боро, без бермуди. Весна се наведнала, а тој и ги масираше градите и ѝ зборуваше: „Сакам да ти ги милувам, да ти ги масирам твоите гради, да ги ти грицкам брадавиците додека влегувам во тебе. Секоја ноќ те сонувам како влегувам во твоето еротско царство. Сонувам како ги гризам твоите бутови, твојата кадифена внатрешност. Ти ме привлекуваш со твоите меки абоносови усни, кои ме мамат, со твоите големи тврди гради за кои копнеам деноноќно. Сега сум во рајот со тебе. Сакам секој ден да те будам наутро, да спиеш до мене и да ме галиш“.

  Весна беше занесена во сексот, стенкаше, не одговараше и во еден миг му рече: „Боро знаеш дека и јас те сакам. Истото го чувствувам и јас за тебе, те сакам бескрајно“. Двајцата го доживеаја својот врв во исто време. Мене ми беше непријатно што бев сведок на ситуацијава, меѓутоа, ете, случајно се затеков затскриена блиску до нив.

  Подоцна, почнаа да се смеат. Боро залепил зрнца песок од плажата на бермудите и на органот. Весна му рече: „Ајде да одиме да се истушираме. Пак ќе се вратиме“. Боро задоволен тргна по неа. Јас им викнав и им кажав дека знам каде ќе одат, дека ги слушнав кога зборуваа. Беа изненадени и се шегуваа на нивна сметка, сигурно им било непријатно. Марко излезе од водата и легна. По извесно време, дојдоа Весна и Боро. Весна го променила костимот за капење. Изгледаше прекрасно, одморено и радосно. А Боро толку беше среќен, што ми кажа: „Ја земам сестра ти со мене. Не можам без неа“. „Боро, ти кажав да не зборуваш за тоа. Ние сме одамна договорени и така ќе биде“, му реков.

  Марко се вмеша во разговорот, нешто го праша Боро, а јас и кажав на Весна да ме намачка со маст против изгоретини и ги прекинавме во нивниот разговор. Седевме на плажата и навистина сите си признавме дека ваков одмор може, само, да се мечтае. Сам на плажа, со поглед во морскиот шир, тивко, мирно. Само шумот на малите бранови, кој навестуваше нешто ново, енигматично.

  Попладнето, за ручек отидовме во еден ресторан на друго место. Седнавме надвор, порачавме за јадење и за пиење и додека ѝ се восхитувавме на прекрасната попладневна глетка, некој викна: „Марко, другар!“ Додека Марко се заврти и го препозна младиот човек, тој брзо се доближи до него и силно го гушна и го прегрна Марко, изгледаше како да нашол некој кој го барал одамна.

  Младиот човек беше со девојка и сакаше да ја претстави, но Марко радосен и збунет прв почна да зборува: „Давид, другар. Дојдов овде со девојката, сестра ѝ и пријателов. Знам дека студираш овде, но на крај памет дека ќе те сретнам“. Се познаваше дека биле блиски кога учеле заедно. „Ова е девојка ми Анастасија“, Давид ја претстави девојката, која беше убава, црна и слаба.

  Давид продолжи: „Случајно поминавме овде, дојдени сме цело друштво едриличари. Деновиве овде сме на подготовки за натпревар по едрење, утре ќе имаме натпревар, а вечерта ќе имаме забава. Ако сте слободни, ве поканувам да дојдете на натпреварот и да останете после на забавата. Мило ќе ми биде да присуствувате“. Потоа, ни кажа каде е местото и утредента се договоривме каде да се најдеме. Заминаа, а Марко пресреќен ме праша: „Ќе одиме, нели, мила? Му одговорив: „Ти се договори, но секако ќе одиме“. Ручавме и заедно сите се шетавме до доцна во ноќта.

АНОНИМНА