Рецептот на Дијана Ѓоковиќ за медена пита: Ја правела нејзината баба, Ноле ја обожава
Фото: Printscreen Youtube - Sanja Mandic Sanjine djakonije
Рецептот за медена пита на Дијана Ѓоковиќ мора да го запишете, бидејќи тоа е неодолив деликатес на кој ни познатиот тенисер не може да одолее
Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер на светот гостувајќи во емисијата „Додека ангелите спијат“ го откри својот реепт за медена пита која нејзините синови ја обожавле.
Потребни состојки за корите:
1 јајце
150 гр шеќер
3 лажици млеко
3 лажици мед
60 гр масло
450 гр брашно
лажичка сода бикарбонаСостојки за кремот:
500 мл млеко
5 лажици брашно
180 гр шеќер
кесичка ванилин-шеќер250 гр путер
Чоколаден прелив:
150 гр чоколадо за готвење (минимум со 60 проценти какао)
150 мл шлаг
Како се подготвуваат корите?
Загрејте ја рерната на 160⁰C. Во сад ставете брашно и сода бикарбона. Во посебен сад изматете ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се запенат.
Ставете тенџере со подебело дно на средна температура. Додадете го изматеното јајце и шеќерот, па додадете ги масло и медот. Кога ќе се загреат сите состојки, што трае околу две минути, намалете ја топлината и додадете го брашното. Мешајте додека смесата не стане компактна. Ова оди брзо, употребете малку сила за да го измешате брашното во течните состојки. Кога тестото ќе се спои, тргнете го тенџерето од оган и оставете го тестото во него бидејќи ќе го тркаламе топло.
Плехот за печење 35 x 22 см свртете го наопаку и посипете го со брашно. Оставаме 1/3 од топлото тесто бидејќи печеме три кори и расукајте го на задниот дел од плехот. Тестото се витка нежно. Печете го така на превртен плех не повеќе од 7 минути, за кората да добие убава светло розова боја. Испечената кора ставете ја на хартија за печење да се излади. Постапката повторете ја со преостанатите две кори.
Процесот на правење крем:
Додека корите се ладат, направете го кремот така што во тенџерето ќе го истурите брашното и постепено ќе го додавате млекото. Промешајте за да избегнете грутки. Кога ќе ја истурите подготвената количина млеко во брашното, ставете ја смесата на средна температура и цело време мешајте. Ќе се свари за неколку минути, па тргнете го од оган и оставете да се излади.
На собна температура убаво изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќе за да добиете кремаста структура. Потоа додадете го изладеното млеко и брашното. Готовиот крем ставете го на страна.
Чоколаден прелив:
Чоколадото искршете го на помали коцки. Загрејте го кремот за шлаг речиси до вриење, но внимавајте да не зоврие. Истурете го во чоколадото и нежно измешајте за глазурата да стане компактна и споена. Оставете малку да се излади, па прелијте ја глазурата врз колачот.
Составување на деликатесот:
Првата кора ставете ја во плех или на плех. Половина од кремот намачкајте рамномерно на долната кора. Врз него ставете ја втората кора и нежно притиснете да се соедини сè. Покријте со преостанатата половина од кремот. Ставете ја последната, трета кора и лесно притиснете ја со рацете.
Последната кора прелијте ја со глазурата. Изладете го колачот и оставете го да отстои преку ноќ, а потоа исечете го и послужете.