(РЕЦЕПТ) Чорба од праз: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Уште една недела траат Велигденските пости. 

За денес со вас споделуваме уште еден посен рецепт. Чорба од праз.

Неопходни состојки:

-2 страка праз,

-1 кромид,

-300-400 гр компири,

-сол,

-бибер,

-Ловоров лист,

-сок од половина лимон,

-лажица брашно.

Подготовка:

Загрејте малку вода, додајте ситно сецкан праз, кромид и варете додека кромидот не омекне.

Додадете ги компирите исецкани на коцки, сол, бибер, ловоров лист, истурете 1 литар вода. Варете 45-50 минути на средна топлина.

Тргнете го садот од оган, додадете една лажица брашно и варете уште пет минути.

На крај, зачинете сè со сок од лимон.

Повеќе посни рецепти прочитајте тука.