РЕЦЕПТ: Канелони
Кога немате идеја што да зготвите која било паста е одлична идеја. Додадете неколку зеленчуци,месо или риба по желба и имате ручек. Бар јас мислам дека за паста има безброј комбинации. Денес ви спремив полнети канелони.
Потребни состојки:
200гр. Канелони
400мл. Доматно пире
300гр. Пилешки стек
400гр. Свежи шампињони
150гр. Мешан кашкавал
2 големи лажици павлака
1 лажичка сув босилек
Сол и бибер
Пилешкиот стек обарете го 20 минути. Вклучете ја рерната на 200 степени а во мултипрактик или блендер иситнете ги свареното месо, шампињоните измиени и зачините. Пулсирајте додека не добиете ситно насечкаана мешавина која не треба да стане каша. Додадете ја павлаката, промешајте убаво и полнете ги канелоните. Во тавата во која ќе ги редите најпрво ставете малку доматно пире потоа редете ги канелоните наполнети.
Кога ќе ја наполните тавата прелејте ги канелоните со преостанатото доматно пире и печете 25 мин.
Пет минути пред да ги извадите нарендајте мешан кашкавал за да се растопи.
Пријатно јадење.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ