РЕЦЕПТ: Леб од семки без брашно
Испечете си здраво лепче кое заситува а притоа нема да ви ја наруши линијата за ова лето. Погоден и за оние на безглутенска исхрана. Може да се комбинира со кој било намаз,зеленчук или пак месо. Оставам на Вас. За овој рецепт користев „cup“ мерилки.
Let’s bake!
Потребни состојки:
1 мерилка лен (мелен)
1 мерилка сусам (мелен)
½ мерилка овес
200мл. Овесно млеко (може кое било, по ваш избор)
2 лажички семки
3 лажички сончоглед
1 Прашак за печиво (по можност БИО)
4 јајца (Л)
Едно лажиче хималајска сол
За почеток обложете правоаголно тавче со хартија за печење. Вклучете ја рерната на 175 степени.
Во сад помешајте ги сувите состојки. На страна изматете ги јајцата и млекото колку да се соединат и додадете ги во сувите состојки.
Измешајте да добиете хомогена густа смеса. Истурете го во тавчето. Одозгора наросете овес,семки и сончоглед и печете 40 минути.
За оброк без грижа на совест .
Доколку не сакате парчиња во вашиот леб овесот, семките и сончогледот изблендирајте ги на поситно.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ