РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Вкусна и здрава торта со ореви

Добивај вести на Viber

Овој рецепт за торта од ореви се пренесува од колена на колено. Уште од првото залче ќе ве остави без здив. Оревот е богат извор на антиоксидант, ја подобрува работата на мозокот и го намалува стресот. Затоа, оваа торта освен што е вкусна а е и здрава.

Состојки:

- 8 јајца

- 250 грама шеќер

- 2 големи лажички јаболков оцет

- 80 грама бело брашно

- 200 грама мелени ореви

- 1 прашок за печиво

- 1 мала лажичка цимет

- 650  грама слатка павлака

- 300 грама чоколадо за готвење

- 1 портокал

- 150 грама маскарпоне, благо италијанско сирење

Подготовка:

За да го направите бисквитот измешајте осум белки од јајце, 150 грама шеќер и две големи лажици јаболков оцет. Кога белките ќе станат цврсти, додадете 80 грама бело брашно, 200 грама мелени ореви, 2 жолчки , прашок за печиво и 1 лажичка цимет.

Печете ја смесата во калап за торта на 160 степени околу 45 минути.

Чоколаден фил: 

Загрејте 300 грама од слатката павлака во тенџере, но внимавајте да не ви загори.  Додадете 300 грама темно чоколадо, тргнете ја смесата од шпоретот. Кога ќе ги измешате слатката павлака и чоколадото, додадете 6 жолчки и оставете сето ова да се олади на собна температура. 

За испечените и оладените кори подгответе крем од 350 милилитри слатка павлака која ќе ја мешате додека не се згусне и додадете ѝ 100 грама шеќер во прав, 150 грама од италијанското сирење, кората и сокот од портокалот.

Корите наредете ги во калап и намачкајте го прво чоколадниот фил и така до врвот. Со остатокот од филот украсете ја тортата и посипете ја со ореви по желба.