РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Хроно палачинки

Добивај вести на Viber

Состојки:

- 200 грама овесно брашно или било кое друго интегрално

- 1 лажичка масло од семки од тиква (може и маслиново)

- 1 лажица мелено ленено семе

- малку сол

- малку прашок за пециво или сода бикарбона

Подготовка:

Лененото семе сомелето го во блендер. Посипете го со 3-4 лажици обична вода и оставете го 5 минути. Измешајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Полејте го со половина чаша со вода, мешајте додека не ги снема сите грутки, потоа додадете масло, остатокот од водата и лененото семе. Оставете го десет минути, брашното да ја упие водата. Масата не треба да биде премногу густа, ако е потребно додадете повеќе вода, да биде како за палачинки.

Загрејте го тавчето, и печете ги палачинките на суво. Ако малку се лепи, намачкајте го тавчето со масло и првата палачинка фрлете ја.

Палачинките можат да се служат со паштета од риба, со млечен намаз со помалку масти, со многу салата или со некој џем без шеќер.