РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Меломакарона - грчки божиќни колачиња

Добивај вести на Viber

Мали слатки задоволства

Потребни намирници:

-420 гр брашно

-80 гр гриз

-1 лажиче прашок за пециво

-1 лажиче сода бикарбона

-1 лажиче цимет

-1/4 лажиче каранфилче мелено

-6 лажици шеќер

-½ рендана кора од портокал

-120 мл свеж портокал

-240 мл маслиново масло

-3 лажици. коњак, ракија

За шербетот:

-250 мл вода

-200 гр мед

-200 гр шеќер

-1 стапче цимет

За посипување:

-околу 80 гр мелени ореви


Начин на подготовка:

Во мало тенџере, ставете мед, шеќер, стапче цимет и вода. Од овие состојки треба да добиете густ сируп за потопување на слатките. Важно е да се олади на собна температура.

Во голем сад измешајте ги брашното, гризот, прашокот за пециво, сода бикарбоната, циметот и каранфилчето. Добро измешајте ги состојките. Во посебен сад, комбинирајте кора од портокал, шеќер, маслиново масло, сок од портокал и коњак (или ракија), измешајте добро. Потоа направете меко тесто со додавање на сувите состојки во течните. Од тестото се формираат колачи во овална форма со големина на јајце, кои се редат во плех на хартија за печење. Лесно притиснете го секое колаче со вилушка.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Слатките треба да добијат убава златна боја. Додека слатките се топли, потопете ги околу 30 - 60 секунди во сирупот(шербетот). Можете да си помогнете со вилушка, лажица. Потоа, посипете ги со мелени ореви.

Сервирајте по ваша желба.

Бон апетит!

Фото: Инстаграм/ayseptember/girovou__official

Можеби ќе ве интересира:

Рецепт за ситни колачиња со најубава новогодишна декорација: Едно тесто, многу залчиња