Рецепт за ситни колачиња со најубава новогодишна декорација: Едно тесто, многу залчиња

Добивај вести на Viber

Oва се од оние суви колачиња кои можат да стојат и до 15 дена, па се прават многу пред празниците. Убаво спакувајте ги во кутија и ставете да стојат на ладно место. Што подолго стојат, толку помеки стануваат, иако ни кога се испечат не се тврди. 


Потребни намирници:

-500 грама остро брашно, 

-300 гр. меко брашно, 

-1 цело јајце, 

-1 жолчка (белка ќе ви остане таман за украсување на ѕвездички или некои други облици), 

-1 ванила, 250 гр шеќер во прав, 

-500 гр. маргарин или путер, 

-5 лажички млеко. 


Додатоци: Ореви, лешници, бадеми, кокос, бисквити, цимет, какао, чоколада (црна, бела, млечна), бои, прав, светки, шарени или чоко мрвици, рум, ванила, изрендана кора од портокал или лимон... 


Начин на подготовка: Маргаринот мора да биде на собна температура. Веднаш земете една голема чинија или пластичен длабок сад. Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додајте ги останатите основни состојки. Месете тесто, во почетокот е суво и тешко се работи со него, но полека како што месите маргаринот се повеќе се врзува и се добива мазно тесто. Додајте уште млеко. Тестото поделете го на толку делови колку што сакате различни колачи. 

Се пече на 180 степени помеѓу 10 и 15 минути зависно од тоа колку тенко е развлечено тестото. Треба да останат светли, можеби ќе ви изгледа дека уште се меки и дека не се печени. 

На белката се додаваат 200 грама шеќер во прав, се мати со вилушка и се става во кесичка, се врзува со гумичка, а долу се сече мала дупка. Ја стискате кесата и украсувате по ѕвездата или друг облик. 

ВАЖНО: Немојте да одите скроз до работ бидејќи може да прелие, најдобро е да украсувате по средина и потоа со нешто тенко полека да развлекувате кон рабовите. 

Оставете преку ноќ да се сушат.

Бон апетит!


Можеби ќе ве интересира:

Брз и лесен рецепт за банана леб: Се топи во уста