Рецепт на денот: Раскошна крем торта со прекрасен изглед и уште поубав вкус
Почетокот на ноември ни донесе малку пониска температура и веднаш чувство дека во наредниот период нè очекуваат низа прослави и празници - и така сè до пролет
Денеска ви носиме многу убава и вкусна торта кој брзо се подготвува без печење, а ќе ги задоволи сите луѓе кои сакаат крем.
Време на подготовка- околу 30 минути
Состојки:
1,5 или 2 двојно пакување бели бисквити
1,5 или 2 двојно пакување темни бисквити (со какао)
150–200 гр бел крем
150–200 гр црн какао крем500 мл слатка павлака
млеко за натопување на бисквитите
100 мл слатка павлака
100 гр темно чоколадо или чоколадо за готвење
Подготовка:
1. Изматете ја слатката павлака подготвена за филот и поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете бел крем, а во другиот црн. Добро изматетете. Одредете ја количината на крем по ваш вкус.
2. Дното од калапот за тортата (на кој се вади прстенот - 28 см) се покрива со хартија за печење.
3. Целиот калап се премачкува со маргарин или путер и се посипува со шеќер во прав. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете еден круг една боја, следниот круг друга боја. Нанесете го белиот фил врз црните бисквити, а црниот фил врз белите бисквити. Кога ќе го наполните целиот калап, соединете го остатокот од белиот и црниот фил и убаво измешајте за бојата да се изедначи. Со тој фил премачкајте ја тортата (не ја вадете од калапот!) и добро пополнете ги сите дупки и нерамнини во висината на бисквитот.
4. За глазура растопете ја чоколадата и уште додека е топла додајте ја слатката павлака. Прелијте ја тортата и декорирајте со кокос или по желба. Оставете ја тортата преку ноќ во фрижидер и потоа можете лесно да ја префрлите во плехот за сервирање.
Добар апетит!
Извор: sladinikolacici.blog/ 24sedam.rs
*пр објава