Рецепт на денот: Руски капи - идеална комбинација од кокос, чоколадо и најкремаст фил

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen youtube Silvana's Kitchen

Децата најмногу уживаат во нив, но ниту возрасните нема да останат рамнодушни

Овие вкусни кремасти колачи можете да ги правите во текот на целата година и во секое годишно време, бидејќи на нивниот вкус е тешко да се одолее.Покрај вкусниот фил, кората и кокосот, секоја руска капа е украсена со чоколадна глазура која на целата приказна ѝ дава посебен шмек.

Време на подготовка:

90 минути

Состојки:

За кората:

4 јајца

6 лажици шеќер

50 гр брашно

2,5 лажици вода

1/2 кесичка прашок за пециво

1,5 лажици какао


За филот:

250 мл млеко

1 лажица шеќер

2,5 полни лажици брашно

1/2 кесичка ванилин шеќер

3,5 лажици шеќер во прав

малку сок од лимон

125 гр путер

За глазурата:

50 гр чоколадо за готвење

50 мл слатка павлака

Плус:

100 гр кокос


Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките, потоа кратко изматете ги белките и постепено додавајте шеќер, па соединете со миксер додека не добиете тврда смеса. После тоа додадете ја жолчката и сè убаво изматете.

Постепено се додава вода и се меша, па се додава просеаното брашно и прашокот за пециво. Сето убаво измешајте да нема грутчиња, па на крај додадете го какаото и нежно измешајте.

Смесата истурете ја во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете околу 15 минути на 200 степени.

Проверете со чепкалка дали кората е печена и кога е готова оставете ја да се излади, па на хартија за печење со чаша извадете кругови.

Одделете 50 мл млеко, потоа додадете брашно и измешајте со миксер да не останат грутчиња. Во тавата истурете го преостанатото млеко, а потоа додадете ги ванилиниот шеќер и шеќерот и оставете да зоврие.

Кога ќе се загрее додадете го млекото со брашното, па варете додека не се згусне со цело време мешање. Покријте со фолија и оставете на собна температура да се излади.

Се мати путерот на собна температура, па се додаваат шеќерот во прав и сокот од лимон и се соединува со миксер.

Филот се меша со путерот и се мати убаво, да нема грутчиња. Потоа земете круг од кората, ставете малку фил и покријте со друг круг. Покријте ги и рабовите на колачот со филот, па валкајте ги во кокос.

Растопете ја слатката павлака со чоколадото, оставете ја да се излади на собна температура околу 10-15 минути, а потоа прелијте ја чоколадата со лажица врз колачите.

Руските капи оставете ги да се стегнат во фрижидер и послужете.

Добар апетит!


*пр објава