(РЕЦЕПТ) Посна руска салата: Што да јадете за Велигденските пости
За подготовка на овој рецепт ви се потребни околу 2 часа. А, убавиот вкус е загарантиран.
Потребни намирници:
- посен мајонез, околу 500 грама
- едно пакување златна мешавина
- посен кашкавал 200 грама
- 3 варени компири со средна големина
- 6 кисели краставички (ако сакате може и повеќе)
- сол, црн бибер
Начин на подготовка:
Ставете ги најпрво да се варат компирите. Откако ќе се сварат, изладени насечкајте ги на ситни коцки. Златната мешавина сварете ја околу 5 минути, процедете ја и ставете ја во садот со сецканиот варен компир. Посниот кашкавал исто така насецкајте го на коцки и додадете го во садот кај што ќе ја мешате-подготвувате салатата. И киселите краставички насечкајте ги на ситни коцки и додадете ги во садот, промешајте убаво и додадете сол и црн бибер. Откако ќе ги измешате убаво состојките ставете од посниот мајонез, ставете околу 300 грама, ако сакате повеќе ставете и повеќе (зависи, дали сте љубител повеќе или помалку на мајонез). Сервирајте и Бон аптит!
Повеќе посни рецепти може да прочитатае ТУКА.