(РЕЦЕПТ) Посна торта од само 5 состојки: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Идеален десерт за време на постот. Освен што е многу вкусна, лесно и брзо се прави.

Потребни состојки:

-650 гр шеќер

-500 гр мелени ореви

-Џем од кајсија

-120 гр какао-

-Екстракт од малина

Подготовка:

Сварете 500 гр шеќер со малку вода и додадете мелени ореви. Оставете ја на рингла и мешајте ја смесата додека не се згусне. После тоа, тргнете од оган и поделете на 3 дела.

Додадете какао на првиот дел, оставете го вториот како што е и додадете неколку капки екстракт од малина на третиот.

Тавата премачкајте ја со малку вода, а потоа истурете го првиот дел. Џем од кајсија намачјакте врз првиот ред, па истурете го вториот дел, а потоа повторно намачкајте џем од кајсија. Додадете една третина од смесата, па прелијте ја со глазурата од какао.

Подготовка за глазура: 

-Варете 150 гр шеќер, додадете 100 гр какао, измешајте и тргнете од оган па мешајте додека не се згусне глазурата. Може да ја декорирате со овошје по ваша желба.

Повеќе посни рецепти ќе најдете тука.

Фото: илустрација