(Рецепт) Предлог за трпезата за Ѓурѓовден: Запечени сарми во јогурт!
Голем број верници денеска, на 6-ти мај, ќе ја прослават славата Ѓурѓовден.
Тоа е еден од големите празници, а ние имаме предлог кој ќе ја разубави вашата трпеза за овој празник и задоволство на сите гости!
За да започнете со најважните и најосновните работи - колач, жито, свеќи и вино се задолжителни на масата, сè друго е прашање на избор и можност.
Што мислите, наместо стандардна сарма со кисела зелка да направите запечена сарма во јогурт? Вашите гости сигурно ќе бидат воодушевени!
Состојки: 500 гр мелено месо, 1 чаша ориз, 1 голем кромид, 1 лажица суви зачини, половина лажица сол, 1 лажичка пиперка, 1 зелка, 1 јајце, 200 мл јогурт.
Подготовка: Исечете малку кромид, а потоа додадете месо, зачини и ориз и добро мешајте се заедно. Варете ја водата до вриење во поголем сад.
Наредете ги сармите во тепсија. Кога водата ќе се свари, потопете ги срамичките на неколку минути и оставете малку да стојат. По неколку минути, отстранете ги листовите зелка и нанесете малку месо на секој лист, и завиткајте.
Ставете ги парчињата во тепсија, наредете ги густо и истурете ја водата.
Ставете во рерна и печете 90 минути.
По еден час и половина, изматете го јајцето со јогурт, малку сол и ставете ја таа мешавина врз сармите.
Оставете уште 10-15 минути да се пече.
Храната е подготвена да се служи, и препорачуваме да ја послужите со кисело млеко.
Пријатно!