РЕЦЕПТ: Рафаела

Добивај вести на Viber

Кој не сака десерт м? Јас сум чоко-холик секогаш, но сакам и рафаело. Многу сакам. Нежни, бели, мирисни всушност често се прашувам зошто не се викаат Рафаела баш се женствени. За да си ја задоволам душичката, а сепак да не се „самоуништиме“ со тоа ултра-шеќерно задоволство ја направив Рафаела. Конечно се вика како што треба . Пробајте!

Потребни состојки:

1 мерилка ориз

4 мерилки Млеко од лешник

150 гр. Лешници

100гр. Кокос

50гр. Мед (домашен)

Чај од рози и лешници за украсување.


Пожелно е лешниците да се сирови затоа што кога ќе ги тостирате дома, ќе добиете поинтензивна арома на лешник. Доколку е со лушпа излупете ги или купете веќе излупени. Иситнете ги во блендер само немојте да ги мелете долго да не пуштат масти.


Потоа во сад тостирајте ги 2-3 минути и додадете 1 мерилка млеко. Кога ќе почне да врие додадете го оризот по 10 минути додадете го преостанатото млеко и медот. Пробајте ако сакате да биде поблаго додадете си уште мед и варете уште 20 минути на тивко. Потоа тргнете го од оган и оставете го уште 20тина минути покриено.

Додека да отстои оризот, на слаб оган (3) тостирајте го кокосот за да добиете поинтензивна арома.


На крај сервирајте во чашки, на половина ставете 2 лажици кокос. Потоа дополнете до врв. Ставете уште 2 лажици кокос и украсете по желба.



За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ