РЕЦЕПТ: Сирова торта со цреши

Добивај вести на Viber

Честопати си правиме сирови бомбици. Сакаме дома и чоколадо и благо па наоѓаме начини да биде здраво.

Потребни состојки:

За база:

60гр. Бадеми непечени

40мл. Кокосово масло (растопено)

30гр. Сончоглед непечен

1 м. лажица какао

1 м. лажица коприва

6 урми (50гр)

5гр. Ванила

За фил:

100 гр. Индиски ореви

40гр. Мед (домашен)

1 лажица сок од лимон

20мл. Кокосово масло (растопено)

5гр. Ванила

30мл. Млеко од индиски ореви

50гр. Цреши (од тегла)

За да направите ваква торта важно е да имате добар блендер или мултипрактик. Во нутрибулет не може да се направи.

Индиските ореви покиснете ги со флаширана вода мин. 6 часа а може и преку ноќ.

За базата, најпрво бадемите и сончогледот тостирајте ги 5 мин а урмите покиснете ги во врела вода воколу 10 минути. Потоа сите состојки блендирајте ги да добиете леплива хомогена смеса.


Смесата ставете ја во калапче за торта кое се отвора. Оваа смеса е за 15-тина цм.

За филот изблендирајте ги сите состојки без црешите. Филот поделете го на 2 дела. Прво нанесете еден слој, потоа наредете ги црешите (исцедени) па додадете го другиот дел од филот.Ставете ја тортата во замрзнувачот минимум 1 час.


Извадете ја и оставете ја на собна температура 5мин.


Засладете се без грижа на совест !

За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ