(РЕЦЕПТ) Совршен десерт за есенските денови: Вкусни медењаци со фил од ореви
Состојки:
220 грама путер
Чаша кафеав шеќер
Половина чаша бел шеќер
Две лажички екстракт од ванила
Две јајца
Две чаши брашно
Половина лажичка сода бикарбона
¼ лажички сол
Чаша сецкани ореви
За фил:
220 грама путер
Три чаши шеќер во прав
Три лажици јаворов сируп
1/3 чаша слатка павлака
Чаша ореви
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тавата за печење со хартија за печење.
Во голем сад изматете ги путерот и шеќерот за да ја направите смесата мазна. Додадете екстракт од ванила и јајца, па повторно изматете сè, па додадете брашно, сода бикарбона и сол. Во смесата додадете исецкани ореви и оставете ја смесата да отстои околу 20-30 минути.
Потоа, со лажица за сладолед вадете ја смесата во подготвената тава и печете ги колачињата 10-12 минути, а потоа оставете ги да се оладат.
Во меѓувреме, подгответе го филот.
Изматете го путерот за да биде кремаст, потоа додадете шеќер во прав и изматете сè, па додадете го јаворовиот сируп и слатката павлака и матете уште малку.
Премачкајте ги колачињата и декорирајте со половина орев.