Рецепт за брз бакардан од Анастасија Деа: За мрзливи денови

Добивај вести на Viber

Водителката Анастасија Деа и Богдан Илиевски (Бетмен Велит) на крајот на месец јули станаа родители на ќерката која го доби името Дениција.

Среќната мајка на својот профил на Инстаграм често споделува фотографии од дружбата со преслатката ќеркичка
А откако се омажи и стана мајка, Деа почесто почна да споделува, како што вели таа „домаќински муабети“.
Па така пред некое време сподели рецепт за брз бакардан, особено корисен за оние денови кога сте во брзање и немате време да „висите“ над тенџерето.

Деа вели дека овој брз бакардан ќе ви одземе максимум 30 минути, од подготовка до сервирање. „Супер идеја за викенд доручек, плус бројни се придобивките од консумирање на пченкарно брашно“, напиша таа, а ова се потребните состојки:

ПОТРЕБНО (за 4+)

1/2 пченкарно брашно
1 рака обично (јас ставив интегрално)
1 л. млака вода
1 мала лажичка сол
1 пециво
2 јајца (може и без јајца)
1 мал филџан масло

Се става во плех и се пече на 200°С. Повремено се промешува (има детали во видео), а откако ќе се испече се дроби со вилушка. На крај се попарува со путер.
Деа го сподели и целиот процес на подготовка во видеото на Инстаграм: 


-(ФОТО) Водителката Анастасија сама направи креветче за ќерката: Супер идеја за идните мајки