Здравје // Рецепти
Рецепт за брзи, лесни и вкусни палачинки: Готови за неколку минути
Ви предлагаме еден вкусен рецепт кој е многу лесен за подготовка.
Потребни намирници:
-150 гр брашно
- 2 лажици шеќер во прав
- 2 лажички прашок за пециво
- ½ лажичка сол
- 300 мл вода
-1 лажица масло
Начин на подготовка:
Во сад просејте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта. Во друг сад ставете ја водата со маслото. Направете дупка во сувите состојки и полека истурете ја водата со маслото. Мешајте додека не се добие лепливо тесто.
Мешајте со лажица додека не добиете мазно тесто за палачинки. Загрејте ја тавата на средна топлина, лесно подмачкајте ја со масло. Ставете од добиената смеса, печете од двете страни, додека разуменат. Послужете ги слатки или солени, со полнење по ваш вкус.
*пр-објава