Рецепт за фантастична Капри торта: Идеална комбинација од кремаст фил и овошје

Добивај вести на Viber

Фото: Printscreen/youtube


Доколку барате идеална и богата роденденска торта, ова е вистинскиот рецепт за вас

Домашната Капри торта е совршен десерт што засладува и освежува:

Состојки за кората:

7 белки

14 лажици шеќер

1 лажица оцет

Кремот од жолчки од јајце:

7 жолчки

200 гр шеќер

600 мл млеко

6 лажици брашно

10 гр ванилин шеќер

50 гр шеќер во прав

250 гр маргарин

Желе од јагоди:

500 гр јагоди

500 мл вода

300 гр шеќер

120 гр пудинг од ванила

Ќе ви треба уште:

100 гр чоколадо

2 лажици масло

2 лажици млеко


Подготовка: Белките се матат со шеќерот и се додава оцетот. Во калапот се става хартија за печење, па се додаваат белкките и се пече, т.е. се суши во рерна на околу 120 степени. Кога ќе се исуши, премачкајте ја кората со растопено чоколадо и масло. Оставете го овој дел добро да се стегне во фрижидер. Се матат филот од жолчките, шеќерот, брашното и малку млеко. Од оваа смеса и млеко направете пудинг. Кога ќе се излади додадете маргарин.

Оставете добро да се излади.

Црвениот фил направете го така што во 400 мл вода ќе додадете блендирани јагоди и половина мерка шеќер. Нека зоврие. За тоа време измешајте го пудингот со остатокот од шеќерот и водата. Кога јагодите ќе зовријат додадете го пудингот. Оставете го овој фил добро да се излади.

На делот со белките додадете го жолтиот фил, па изматената чоколада, па црвениот фил, па чоколадата. Декорирајте по желба.

Извор: stil.kurir.rs