Рецепт за крем торта од гриз која се топи во уста: Многу лесна за подготовка и без печење
Фото: Printscreen Youtube/ Pun kufer recepti
Кремаста торта без печење со гриз
Подготовката на колачот е многу едноставна, додека најдобро од сè е што не се пече. Многу е кремаст и вкусен, ако се служи од фрижидер ќе биде вистинско освежително уживање.
Состојки:
За подлога:
500 мл млеко
100 гр шеќер
За фил:
500 мл млеко
5 лажици шеќер
2 пудинзи од ванила
75 гр маргарин
75 мл слатка павлака
За прелив:
250 мл слатка павлака
150 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Подлога: Ставете гриз да се свари со млеко и додадете шеќер. Потоа варете неколку минути со постојано мешање. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија и оставете да се излади.
Фил: Додека подлогата се лади, направете го филот. Во ладното млеко додадете шеќер и два пудинга од ванила. Убаво измешајте да нема грутчиња и со постојано мешање ставете го на шпорет да се готви. Гответе неколку минути додека смесата не се згусне и оставете да се излади.
Измешајте го маргаринот и соединете го со филот. Додадете слатка павлака и измешајте до саканата конзистентност. Намачкајте го филот врз подлогата од гриз.
Прелив: Ставете ја слатката павлака на шпорет и додадете ја чоколадата да се растопи.
Прелијте го колачот и оставете да се излади.
Извор: stil.kurir.rs
*ПР објава