Рецепт за Македонски колач: Сочен посен десерт кој се топи во уста

Добивај вести на Viber

Посните колачи се подеднакво вкусни како и мрсните, а добар пример за тоа е Македонскиот колач:

Потребно е:

3 чаши брашно

2 чаши гриз

1 прашок за пециво

150 грама сечкани ореви

Цимет

3 чаши кисела вода

1 и пол шолја масло

Ако сакате, можете да додадете и сечкано суво грозје

50 гр ореви за декорирање


Сируп:

250 гр шеќер

2,5 дл вода

1 ванилин шеќер

Подготовка: Соединете ги сите состојки за тестото и истурете го во плех, посипете со сечканите ореви и печете на 180 степени Целзиусови.

За тоа време подгответе прелив од шеќер, вода и ванилин шеќер. Оладениот колач прелијте го со врелиот сируп. Откако колачот ќе се излади, сервирајте.


Извор: stil.kurir.rs

*пр објава