Највкусното смути од јагоди: Здрави рецепти со Стефанија Несторовска
Стефанија Несторовска е 25-годишна девојка на која вежбањето ѝ е дел од секојдневната рутина веќе неколку години.
Желбата за подобра исхрана спонтано се разви во она што денес претставува Инстаграм профилот на младата девојка. Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а нивното смислување и тестирање за Стефанија претставува релаксација.
Во нив користи исклучиво здрави намирници, зошто смета дека покрај вежбањето за целиот тој здрав живот огромно значење има тоа што го јадеме.
Во соработка со Женски Магазин, започнавме серијал на здрави рецепти со Стефанија, со кои ќе ве натераме да се инспирирате за водење здрав начин на живот. Изминатите недели ги имавме рецептот за леб од бадеми и кокос, и рецептот за лосос со зеленчук.
Денеска имаме рецепт за највкусното смути од јагоди.
Потребни состојки:
- Половина замрзната банана
- Мала шоља замрзнат карфиол ( карфиолот е супер варијанта за во смути од причина што додава на волумен и текстура во смутито без да се додава премногу овошје кое воедно има шеќер што за доручек се препорачува да се внесува во помала количина. Карфиолот е претходно обарен за полесна дигестија и нема никаков вкус и мирис и не влијае на вкусот на смутито )
- 5-6 замрзнати јагоди или било кое друго шумско овошје
- 1 лажичка путер од бадеми или кикирики
- Околу 1 шоља млеко од бадем (или кравјо) или повеќе
Подготовка:
Во блендер се додаваат сите состојки и се блендира додека не се добие кремаста и густа текстура.
По желба може да се додадат печени оревчиња, свежо овошје и уште малку путер од бадем како топинг.