Рецепт за посна сарма-Направете ја со состојка која е идеална замена за месо
Ништо полесно!
Денеска ви претставуваме рецепт за сарма од кујната на вашата баба.
Неопходно ви е:
-1 главица кромид
-300 гр печурки
-2 печени пиперки
-100 гр ориз
-зачини, сол и бибер
-црвен бибер
-1 лажица ајвар
-4-5 чешниња лук
-Ловоров лист
-масло
-1 главица кисела зелка
Подготовка:
На масло се пропржува сечканиот кромид, се додаваат сечканите шампињони (исечкани), се додаваат сечканите печени пиперки, измиениот ориз, сечканиот лук, а кога се запржи се додаваат зачините и мл. пиперка. Сармата завиткајте ја со подготвениот фил и наредете ја вертикално.
Во средината ставете сечкана зелка. Во тенџере ставете една лажица ајвар и измешајте ја со вода, па прелијте ја со сармата. Намачкајте со малку масло и додадете ловоров лист. Гответе 1,1,5 часа на тивок оган. Фантастичен вкус.
Foto: Youtube printscreen/Jela