Здравје // Рецепти
Рецепт за посна штрудла која се меси со чај: Ќе добиете меко и воздушно тесто кое ќе ја задржи свежината 3 дена по печењето
Штрудлата направена со чај по овој рецепт им успева на сите
Ако сте го совладале традиционалниот начин на правење штрудла, пробајте ја оваа, според многумина подобра верзија.
Состојки:
1 кг брашно
5 чаши (3 dcl) масло
0,5л чај од камилица (или кој било друг)
6 лажици шеќер
1 коцка квасец
малку сол
малку рендана кора од лимон
афионПодготовка:
Сварете го чајот. Во малку топла вода и една лажичка шеќер, активирајте го квасецот. Потоа додадете брашно, масло, шеќер, кора од лимон, ванилин шеќер и млак, процеден чај.
Замесете тесто и оставете го да отстои половина час. Тестото поделете го на 4 дела, секој дел развлечете го и филувајте со афион. Ќе добиете четири штрудли кои ќе ги печете на 220 Целзиусови степени околу половина час.
Извор: stil.kurir.rs
*пр објава