Рецепт за посни медењаци: Меки и вкусни

Добивај вести на Viber

Целата куќа ќе мириса на нив

Медењаците се слатка класика која секогаш мириса на празници. Иако нивниот традиционален рецепт е мрсен, сепак со овој што го подготвивме и оние кои постат ќе можат да уживаат во нивниот неодолив вкус.

Состојки:

500 гр брашно

10 лажици масло

10 лажици вода

10 лажици шеќер

1 лажица мед

1 лажица цимет

1 кесичка прашок за пециво


5 лажици шеќер во прав

1 лимон


Подготовка:

Во поголем сад прво измешајте ги сите суви состојки освен шеќерот во прав, потоа додадете масло и вода и замесете тесто.

На работната површина посипете малку брашно, па развлечете го тестото до дебелина од еден сантиметар.

Вадете од тестото со чаша или калап.

Тавата за печење обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете ги медењаците и печете 10 минути на 200 степени.

Кога ќе бидат готови, оставете ги да се изладат.

За тоа време направете ја глазурата. Исцедете го сокот од лимон, а потоа додадете пет лажици шеќер во прав и сè добро изматете. Преливот треба да биде малку подебел од тестото за палачинки. Преливот со лажица се прелива преку медењаците и се остава глазурата да се стегне.

Пријатно!

извор: www.telegraf.rs

*пр објава