Рецепт за познатата Ширли Темпл торта: Полна со лешници, идеална за сите љубители на чоколадо
Најубавата чоколадна торта која вашето семејство едноставно ќе ја обожава
Ширли Темпл беше актерка која снимаше тон филмови, освои триесет престижни награди и го заработи својот прв милион долари пред да наполни десет години. После тоа, таа се посвети на дипломатската кариера.
Оваа класична торта го доби своето име по неа. Торта направена од добри состојки, која поради својата структура може да трае и некој ден повеќе.
Кора:
7 цели јајца
140 гр шеќер
100 гр чоколадо за готвење
Фил:
4 цели јајца
160 гр шеќер
150 гр чоколадо за готвење
200 гр путер или маргарин
Подготовка:
Фил:
Јајцата убаво изматете ги со шеќер и гответе на пареа. На крајот додадете чоколадо и варете до крај. Оставете го филот да се излади додека се пече кората.
Кора:
Изматете ги жолчките со шеќер. Додадете го стопеното чоколадо, измешајте, па додајте ги лешниците и уште еднаш измешајте.
Посебно се матат белките додека не се стегнат, па се додава лажица по лажица во претходно изматената смеса и полека се меша со рака, за да се соединат состојките.
Со оваа смеса испечете четири кори во тркалезна тава со дијаметар од 24 см.
Кога филот ќе се олади, додавајте го по малку во изматениот путер, цело време матејќи со миксер.
Наполнете ја целата торта со фил и посипете со мелени лешници.
Ова е мерка за една помала тркалезна торта, за околу 12-14 луѓе, а ако сакате класична големина на тортата, дуплирајте ги состојките.
Извор: stil.kurir.rs